ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Започнува Ф4 во Келн, Магдебург ја брани титулата!

Денеска со натпреварот меѓу екипите на Магдебург и Алборг ќе започне годинешниот Ф4 турнир во Лигата на шампионите.

Традиционално, домаќин на најдобрите четири екипи од европската елита е германскиот град Келн, односно „Ланксес Арена“.

Освен актуелниот бранител на титулата и Алборг, на Ф4 турнирот ќе настапат и екипите на Барселона и Кил, кои го сочинуваат второто полуфинале.

На ланскиот Ф4 титулата ја освои Магдебург, второпласиран беше Келце, додека со бронза си замина екипата на Барселона, која во натпреварот за трето место го надигра ПСЖ.

Првото полуфинале е закажано за 15:00 часот, второто ќе се одигра три часа подоцна, односно во 18:00 часот, по што ќе бидат познати двата финалисти.