ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Возбудлив ден со 16 меча во Лигата на Европа

На денешната програма се натпреварите од 5. коло во второто по ранг европско клупско натпреварување.

Во термините од 18:45 и 20:45 часот ќе се одиграат сите 16 натпревари од петтото коло, па така не очекуваат многу вобудувања.

Дел од тимовите веќе обезбедија главна рунда, дел ќе се борат за пласман меѓу најдобрите 16, додека неколку екипи ќе посакуваат да се претстават во подобро светло.

Свој настап ќе имаат двајцата интернационалци од Македонија, Филип Талески и Бојан Маџовски.

Талески со Бенфика ќе играат против Нант, додека Маџовски и црногорскиот шампион Ловќен против Елверум ќе се обидат да дојдат до изненадување, односно до први бодови.

Македонскиот вицепрвак ќе гостува во Нови Сад кај Војводина, која е на добар пат да обезбеди главна рунда.

Лига на Европа, 5. коло, распоред:

Група А

20:45 Рајн Некар – Кристијанштад

20:45 Бенфика – Нант

Група Б

18:45 АЕК – Горњик Забже

18:45 Хановер – Луцерн

Група Ц

18:45 Винтертур – Горење

18:45 Савехоф – Куенка

Група Д

18:45 Скјерн – Нексе

20:45 Брага – Повашка Бистрица

Група Е

20:45 Ловќен – Елверум

20:45 Кадетен – Фленсбург

Група Ф

18:45 Војводина – Алкалоид

20:45 Ла Риоха – Силкеборг

Група Г

18:45 Шамбери – Фуксе Берлин

18:45 Извиѓач – Динамо Букурешт

Група Х

18:45 Констанца – Татабања

20:45 Хобри Глогов – Спортинг