ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Вечните ривали на мегдан во Битола, Охрид на гости во Кавадарци!

На денешната домашна програма ќе биде дерби дуелот меѓу вечните ривали Еурофарм Пелистер и Вардар.

Двете екипи во досегашниот тек од плеј-оф фазата немаат загубено бод, па така денешниот натпревар во спортската сала „Боро Чурлевски“ ќе има голема тежина.

Победникот од овој дуел ќе направи сериозен чекор кон шампионската титула. Пелистерци, како и на сите дерби дуели, ќе имаат голема поддршка од трибините.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар ќе се одигра во спортската сала „Боро Чурлевски“, со почеток од 18:30 часот.

Покрај дербито во Битола, возбудливо ќе биде и во Кавадарци, каде Тиквеш го пречекува Охрид.

Во плеј-аут фазата, односно во битката за опстанок, тимот на Куманово на свој терен ќе го пречека дебитантот Борец ФЛ.

Во женската конкуренција денеска се играат неколку натпревари, додека на европската сцена вниманието е насочено кон четвртфиналните пресметки во Лигата на шампионите.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
18:00 ЧАИР – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА (МАКЕДОНИЈА)
18:15 ЕЛВЕРУМ – АРЕНДАЛ (НОРВЕШКА)
18:30 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР (МАКЕДОНИЈА)
18:45 СЕГЕД – БАРСЕЛОНА (ЛШ)
19:00 ТИКВЕШ – ОХРИД (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 2 – ДЕСПИНА (МАКЕДОНИЈА)
19:00 РАЈН НЕКАР – ЛАЈПЦИГ (БУНДЕС)
19:30 КУМАНОВО – БОРЕЦ ФЛ (МАКЕДОНИЈА)
20:45 ФУКСЕ – АЛБОРГ (ЛШ)