ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Вардар бара одмазда против Бенфика

Македонскиот вицепрвак Вардар денеска го игра натпреварот против португалската екипа Бенфика, на кој со победа може да се пласира во осминафиналето и да остане во трка за четвртфиналето.

За „црвено-црните“, кои загубија со пет гола разлика, ќе биде најважно да слават, а доколку се укаже прилика да бркаат и повисок триумф, што ќе им гарантира подобар меѓусебен скор со португалскиот состав.

Мелсунген ќе му гостува на шведскиот Кристијанштад, кој исто така се уште е со шанси за прогрес, но мора вечерва да слави.

На табелата, Мелсунген има шест бода, Вардар и Бенфика со по четири се на делба на второто место, додека Кристијанштад има два бода на последното место.

Натреварот меѓу Вардар и Бенфика се игра вечерва од 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

18:45 ЕЛВЕРУМ – АРХУС (ЛИГА НА ЕВРОПА)
18:45 КИЛ – БИДАСОА (ЛИГА НА ЕВРОПА)
18:45 КРИСТИЈАНСТАД – МЕЛСУНГЕН (ЛИГА НА ЕВРОПА)
18:45 ФРЕДЕРИЦИЈА – НЕКСЕ НАШИЦЕ (ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:45 ХАНОВЕР – КАДЕТЕН ШАФХАУЗЕН (ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:45 МОНПЕЛЈЕ – ФЛЕНСБУРГ (ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:45 ПОРТО – ГРАНОЉЕРС (ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:45 ВАРДАР – БЕНФИКА (ЛИГА НА ЕВРОПА)