ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Талески и Бенфика на гости кај „лавовите“, Маџовски и Ловќен по први бодови во ЛЕ

Денес ќе се одиграат сите 16 натпревари во рамки од 4. коло во второто по ранг европско клупско натпреварување.

Македонскиот репрезентативец Филип Талески заедно со екипата на Бенфика ќе гостува во Германија кај Рајн Некар.

Овие две екипи одиграа неизвесен дуел во претходното коло, а бодовите ги освои бундеслигашот со гол во последната секунда.

Свој настап ќе има и повремениот репрезентативец на Македонија, Бојан Маџовски, кој со Ловќен ќе му гостиваат на Кадетен Шафхаузен.

Црногорскиот шампион со швајцарскиот тим се сретна во 3. коло и покажа дека има квалитет да се носи против поквалитетни екипи.

Вицепрвакот на Македонија во Данска кај Силкеборг ќе се бори за првата победа во дебитанската сезона на европски рамки.

Со почеток од 20:00 часот во Струмица ќе се одигра заостанатиот натпревар меѓу Астраион и Борец во прволигашката конкуренција.

Распоред на натпреварите од 4. коло во Лигата на Европа

Група А
Рајн Некар – Бенфика 18:45ч
Кристијанштад – Нант 20:45ч

Група Б
АЕК  – Хановер 18:45ч
Луцерн – Горњик Забже 20:45ч

Група Ц
Винтертур – Савехоф 18:45ч
Куенка – Велење 20:45ч

Група Д
Скјерн – Брага 18:45ч
Нексе – Повашка Бистрица 18:45ч

Група Е
Кадетен – Ловќен 18:45ч
Фленсбург – Елверум 20:45ч

Група Ф
Силкеборг – Алкалоид 20:45ч
Ла Риоха – Војводина 20:45ч

Група Г
Динамо Букурешт – Фуксе Берлин 18:45ч
Шамбери – Извиѓач 18:45ч

Група Х
Хобри Глогов – Констанца 18:45ч
Спортинг – Татабања 20:45ч