ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Со два натпревари стартува последното коло од суперлигашкиот плеј-оф/аут

Денеска со два натпревари ќе стартува последното коло од суперлигашкиот плеј-оф/аут.

Тимот на Охрид, кој обезбеди излез на европска сцена, пред својата публика ќе го одигра последниот сезонски меч.

Избраниците на Стевче Алушовски во својот последен сезонски натпревар силите ќе ги одмерат со Тиквеш.

Ракометарите на Струга ќе гостуваат во Скопје кај Пролет и ќе се обидат да дојдат до изненадување, со цел да ги запишат првите бодови во плеј-офот.

Освен во Македонија, денеска ќе се игра и во најквалитетната лига на светот – Бундес лигата, а ќе има и еден дуел во швајцарскиот шампионат.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
18:15 КРИЕНС – КАДЕТЕН (ШВАЈЦАРИЈА)
19:00 ФЛЕНСБУРГ – ГУМЕРЗБАХ (БУНДЕС)
19:00 ОХРИД – ТИКВЕШ (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ПРОЛЕТ – СТРУГА (МАКЕДОНИЈА)
20:30 ФУКСЕ – БЕРГИШЕР (БУНДЕС)
20:30 РАЈН НЕКАР – МАГДЕБУРГ (БУНДЕС)