Машката кадетска репрезентација на Македонија денеска ќе го одигра вториот натпревар на Европското првенство во Србија.
По вчерашниот пораз од Словенија, избраниците на Горан Кузманоски немаа многу време за анализа како се случи да испуштат водство од седум гола, па мораа да се подготвуваат за Франција.
Составот на Македонија ќе биде истиот од дуелот со Словенија, без десното крило Андреј Георгиев и голманот Атанасиј Трсунов.
Македонија мора да слави ако сака да ги сочува шансите за главната рунда, во спротивно ќе разигрува за пласман.
Натпреварот меѓу Македонија и Франција ќе се одигра денеска во салата „Бањица“ со почеток од 12:00 часот, додека од 17:30 часот ќе се соочат Шведска и Словенија.
























