Во Супер женската лига, екипата на Астибо денеска гостува кај Пелистер во меч кој се очекува да донесе возбудувања.
Ако слават штипјанки ќе го потврдат математички својот опстанок во елитната конкуренција за наредната сезона, а битолчанки ќе ги испратат во бараж.
Ако мечот го добијат домаќинките, тогаш ќе продолжи неизвесноста до наредното коло со оглед дека и двете екипи ќе имаат дуели што ќе ги добијат службено со Металург Автокоманда.
На прволигашките терени кај дамите, Деспина ја пречекува Јехона, а Овче Поле СУ му гостува на Шампион, додека новиот суперлигаш Атлетик гостува кај Ѓорче Петров 2.
Во Првата машка лига, Младост Богданци мора да слави кај Аеродром, за да ја продолжи неизвесноста околу патникот во Супер лигата до последното коло, додека екипата на Шампион ќе се соочи со Јехона.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
12:00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 2 – АТЛЕТИК (МАКЕДОНИЈА)
13:00 ДЕСПИНА – ЈЕХОНА (МАКЕДОНИЈА)
14:00 ШАМПИОН – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ (МАКЕДОНИЈА)
15:00 ПЕЛИСТЕР – АСТИБО (МАКЕДОНИЈА)
19:00 АЕРОДРОМ – МЛАДОСТ БОГДАНЦИ (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ШАМПИОН – ЈЕХОНА (МАКЕДОНИЈА)

























