Денеска со натпреварот меѓу „сино-белите“ од Автокоманда и Охрид ќе биде комплетирано 9 коло од суперлигашкиот плеј-оф.
Овој натпревар беше првично закажан за в четврток, но во последен момент преместен за петок, а на охриѓани тоа не им одговара.
Тие в сабота играат поважен натпревар против Тиквеш, па силите ќе се сочуваат за тој меч, додека во Автокоманда ќе играат младинци во комбинација со кадети и пионери.
Натпреварот меѓу тимот на Лазаров и Охрид се игра вечерва во салата Автокоманда со почеток во 18:00 часот.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
18:00 АЛКАЛОИД – ОХРИД (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ЦЕЛЈЕ – ТРИМО (СЛОВЕНИЈА)
16:30 ОЛИМПИЈАКОС – АЕК (ГРЦИЈА)
18:30 БАРСЕЛОНА – ВАЉАДОЛИД (ШПАНИЈА)