ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Интересно во Германија и Данска – се решаваат патниците во четвртфиналето на ЛЕ

Денеска ќе бидат одиграни реванш-дуелите од осминафиналето во второто по ранг европско клупско натпреварување – Лигата на Европа.

Екипата на Бенфика, во која настапува Филип Талески, ќе брани предност од два гола на реваншот против данскиот вицешампион ГОГ.

Бенфика на првото соочување триумфираше со 33:31 и за пласман во четвртфиналето ќе мора повторно да победи или барем да одигра нерешено.

Луцерн и Порто беа убедливи на првите дуели од осминафиналето против Лимож, односно Тулуз, па се очекува швајцарскиот и португалскиот клуб рутински да ја завршат работата вечерва.

Интересно би требало да биде меѓу Мелсунген и Гумерзбах, кој го доби првиот дуел со три гола разлика, 29:26.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
18:45 ЛИМОЖ – ЛУЦЕРН
18:45 ГОГ – БЕНФИКА
20:45 МЕЛСУНГЕН – ГУМЕРЗБАХ
20:45 ТУЛУЗ – ПОРТО