ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Се игра второто коло од главната фаза во ЛЕ

Денеска ќе се одиграат сите натпревари од 2. коло од главната фаза во второто по ранг европско клупско натпреварување – Лигата на Европа.

Во терминот од 18:45 часот ќе има дури шест дуели, додека од 20:45 часот ќе се одиграат преостанатите два дуели.

Екипата на Нексе, која го отпушти довчерашниот тренер Брнако Тамше поради киксот против Сесвете во домашниот шампионат, ќе гостува во Словенија.

Хрватскиот вицепрвак во второто коло ќе се судри со незгодниот Горење Велење и ќе се обиде да ја продолжи победничката серија.

Натпреварот меѓу Горење Велење и Нексе ќе го судат битолчаните Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.

Лига на Европа – главна фаза, 2. коло, распоред:

Група А
20:45 Рајн Некар – Хановер
20:45 Нант – Забже

Група Б
18:45 Горење – Нексе
18:45 Савехоф – Скјерн

Група Ц
18:45 Војводина – Фленсбург
18:45 Силкеборг – Кадетен

Група Д
18:45 Букурешт – Констанца
18:45 Фуксе  – Спортинг