Денеска ќе се одиграат преостанатите два реванш натпревари од четвртфиналето во Лигата на шампионите.
Први пласман на завршиот турнир во Келн обезбедија екипите на Фуксе Берлин и Нант, кои ги елиминираа Алборг, односно Спортинг Лисабон.
За последните две места ќе се борат Магдебург, Веспрем, ПИК Сегед и актуелниот шампион Барселона.
Првиот натпревар меѓу Магдебург и Веспрем заврши без победник, 26:26, додека каталонскиот гигант триумфираше над ПИК Сегед со 27:24.
Натпреварот меѓу Веспрем и Магдебург е во термонот од 18:45 часот, додека Магдебург и Барселона ќе играат од 20:45 часот.