Денеска во центарот на вниманието на македонската јавност ќе бидат полуфиналните натпревари од женскиот Куп на Македонија.
Бранителот на трофејот, Ѓорче Петров, по освојувањето на шампионската титула, ќе има шанса за нова двојна круна.
„Лавиците“ од Ѓорче Петров во првото полуфинале ќе играат против екипата на Вардар од 17:00 часот во салата „25 Мај“ во Радовиш.
Од 19:30 часот, во второто полуфинале силите ќе ги одмерат екипите на Чаир и Металург Автокоманда, а овој натпревар се очекува да донесе возбудувања.
На домашна сцена, ќе има и еден прволигашки натпревар. Во Битола, Еурофарм Пелистер 2, ќе игра против Македонија Ѓорче Петров, а ова ќе биде последен натпревар за двете екипи.
За домашните, овој меч е шанса да завршат без ниту еден пораз бидејќи имаат 25 победи на 25 меча. За гостите кои се на делба на второто место кое води во бараж за Супер лига, мора да победат ако сакаат да останат на таа позиција, или да се надеваат на пораз на „витамините“ од Драчево утре.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
17:00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ВАРДАР (КУП НА МАКЕДОНИЈА)
19:30 ЧАИР – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА (КУП НА МАКЕДОНИЈА)
19:30 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – МАКЕДОНИЈА ЃП (МАКЕДОНИЈА)
13:00 СЛАТИНА – УНИРЕА (РОМАНИЈА)
19:15 ВЕСПРЕМ – ПИК СЕГЕД (УНГАРИЈА)