Машката младинска репрезентација на Македонија денеска го стартува настапот на Европското првенство во Словенија.
Во градот Целје, следните 12 дена во три сали ќе се одиграат натпреварите од ЕП, прво младинско со 24 учесници.
Со нов, многу комплициран систем, како за учесниците, така и за оние што го следат, ЕХФ воведе реформи во младинскиот ракомет.
Избраниците на Раде Стојановиќ од 12:00 часот ќе се соочат со селекцијата на Црна Гора во „Златорог Арена“ во Целје.
Во вториот натпревар од групата каде што се наоѓа Македонија, ќе играат Хрватска и Австрија од 16:40 часот.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
12:00 ЦРНА ГОРА – МАКЕДОНИЈА (ЕП МЛАДИНЦИ)
12:00 ФАРСКИ ОСТРОВИ – ШВАЈЦАРИЈА (ЕП МЛАДИНЦИ)
12:00 ИСЛАНД – УКРАИНА (ЕП МЛАДИНЦИ)
14:20 ДАНСКА – ИТАЛИЈА (ЕП МЛАДИНЦИ)
14:20 НОРВЕШКА – РОМАНИЈА (ЕП МЛАДИНЦИ)
14:20 ПОРТУГАЛИЈА – ГРЦИЈА (ЕП МЛАДИНЦИ)
16:40 ХРВАТСКА – АВСТРИЈА (ЕП МЛАДИНЦИ)
16:40 ШПАНИЈА – ФРАНЦИЈА (ЕП МЛАДИНЦИ)
16:40 ШВЕДСКА – ПОЛСКА (ЕП МЛАДИНЦИ)
19:00 ГЕРМАНИЈА – СРБИЈА (ЕП МЛАДИНЦИ)
19:00 УНГАРИЈА – ЧЕШКА (ЕП МЛАДИНЦИ)
19:15 СЛОВЕНИЈА – ИЗРАЕЛ (ЕП МЛАДИНЦИ)