ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Грчки предизвик за кадетите на ЕП

По триумфот над Украина, машката кадетска репрезентација на Македонија денеска ќе има нов предизвик на Европското првенство.

Избраниците на Наум Танески ќе се соочат со Грција, која вчера славеше на пресметката со Италија.

Победа на овој натпревар за Македонија значи сигурен опстанок во елитата, пласман на младинското ЕП 2026 и разигрување за пласман од 17 до 21 место, бидејќи ќе има четири бода на табелата во групата Л.

Натпреварот меѓу Македонија и Грција се игра денеска во салата „Верде“ во Подгорица со почеток во 14:30 часот.

ДЕНЕСКА НА ЕП:

12:00 НОРВЕШКА – ШВЕДСКА
14:30 ИСЛАНД – ШПАНИЈА
17:00 ДАНСКА – ГЕРМАНИЈА
19:30 УНГАРИЈА – СРБИЈА
12:00 СЛОВЕНИЈА – ФАРСКИ ОСТРОВИ
14:30 ЧЕШКА – ПОРТУГАЛИЈА
17:00 ШВАЈЦАРИЈА – ХРВАТСКА
19:30 АВСТРИЈА – ФРАНЦИЈА
12:00 УКРАИНА – ИТАЛИЈА
14:30 ГРЦИЈА – МАКЕДОНИЈА
17:00 ИЗРАЕЛ – ЦРНА ГОРА
19:30 РОМАНИЈА – ПОЛСКА