На денешната програма во Македонија ќе има четири натпревари, два од нив се во рамките од претпоследното, 25. коло од Женската лига.
Тимот на Ѓорче Петров, кој трета година по ред успева да стигне до шампионската титула, на свој терен ќе игра против Астибо.
Токму на денешниот натпревар „лавиците“ ќе бидат крунисани за старо-нови шампионки на Македонија. Ѓорче Петров минатиот викенд го освои Куп трофејот и ги оствари зацртаните цели за оваа сезона.
Куманово пред својата публика ќе се соочи со Металург Автокоманда и ќе се обиде да дојде до 20-та сезонска победа.
Бутел Скопје ќе гостува во Автокоманда кај вицепрвакот во рамки од 13. коло од суперлигашкиот плеј-оф, но за избраниците на Горан Кузманоски денешниот натпревар нема никакво значење.
Шампион во претпоследното коло од прволигашкиот плеј-оф ја пречекува Јехона. Двете екипи и следната сезона ќе се натпреваруваат во Првата лига, па така нивниот последен меѓусебен дуел ќе биде само формалност.
Низ Европа ќе се игра во Турција, Шведска, Русија, Унгарија, Франција, Италија…
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
12:00 ШАМПИОН – ЈЕХОНА (МАКЕДОНИЈА)
12:00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – АСТИБО (МАКЕДОНИЈА)
12:30 КУМАНОВО – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА (МАКЕДОНИЈА)
16:00 ЈЕНИМАХАЛ – ЈАЛИКАВАК (ТУРЦИЈА)
18:00 САВЕХОФ – ИШТАД (ШВЕДСКА)
18:05 АЛПЛА – КРЕМС (АВСТРИЈА)
18:45 ЦСКА – РОСТОВ (РУСИЈА)
19:00 АЛКАЛОИД – БУТЕЛ (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ЕРИЧЕ – БРИКСЕН (ИТАЛИЈА)
20:00 ВЕСПРЕМ – СЕГЕД (УНГАРИЈА)
20:00 ЕКС АН ПРОВАНС – МОНПЕЛЈЕ (ФРАНЦИЈА)
20:00 ШАРТ – САРАН (ФРАНЦИЈА)
20:00 КРЕТЕЈ – ПСЖ (ФРАНЦИЈА)
20:00 ДАНКЕРК – СЕСОН (ФРАНЦИЈА)
20:30 ДИЖОН – СЕНТ РАФАЕЛ (ФРАНЦИЈА)