По возбудливиот викенд, во кој се играа и квалификации за Европското првенство 2024, денес нема да има многу натпревари.
Екипите на Голден Арт и Вардар со меѓусебен дуел ќе го комплетираат 7. коло, во кое немаше изненадувања.
Вардар против младиот тим на Голден Арт ќе атакува на седми триумф во низа и дуелот со избраниците на Филип Глигоров за „црвено-црните“ ќе биде проверка на силите пред дерби дуелот со актуелниот шампион Еурофарм Пелистер.
Натпреварот меѓу Голден Арт и Вардар ќе се одигра со почеток од 16:00 часот во малата сала во СЦ „Јане Сандански“. Влезот за сите љубители е слободен.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
16:00 ГОЛДЕН АРТ – ВАРДАР (МАКЕДОНИЈА)
19:00 МЕЛСУНГЕН – ЕРЛАНГЕН (БУНДЕС)
19:00 ИЗМИР – НИЛУФЕР (ТУРЦИЈА)