ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Еурофарм Пелистер по прва победа во европската елита

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер денес го очекува нов предизвик во рамки од Лигата на шампионите.

Пелистерци во 7. коло од европската елита силите ќе ги одмерат со унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед.

Ракометарите на ПИК Сегед на шест одиграни натпревари остварија две победи и едно реми, додека Еурофарм Пелистер сѐ уште се нема израдувано на првата победа во елитата.

Избраниците на Бранислав Ангеловски ќе мора да одиграат максимално фокусирани и да дадат сѐ од себе за да ги освојат првите бодови.

Натпреварот меѓу ПИК Сегед и Еурофарм Пелистер ќе се одигра со почеток од 18:45 часот.

Во групата А, во која се наоѓа и битолскиот тим, ќе се одиграат уште два натпревари.

Полскиот гигант Келце ќе гостува во Хрватска кај незгодниот Загреб, кој во претходното коло беше минимално поразен од ПИК Сегед.

Возбудливо се очекува да биде на дуелот меѓу Алборг и Кил, односно Магдебург и ГОГ.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

16:30 БУЗАУ – БАЈА МАРЕ (РОМАНИЈА)

18:45 КИЛ – АЛБОРГ (ЛШ)

18:45 ЗАГРЕБ – КЕЛЦЕ (ЛШ)

18:45 СЕГЕД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (ЛШ)

19:00 АЛКАЛОИД – АЕРОДРОМ (МАКЕДОНИЈА)

19:00 ЛАЈПЦИГ – ШТУТГАРТ (БУНДЕС)

19:00 ЛЕМГО – БЕРГИШЕР (БУНДЕС)

19:30 ЛОК. ЗАГРЕБ – ДУГО СЕЛО (ХРВАТСКА)

20:45 МАГДЕБУРГ – ГОГ (ЛШ)

20:45 ВИСЛА – БАРСЕЛОНА (ЛШ)