ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Еурофарм Пелистер го игра најважниот дуел во Лигата на шампионите

Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска ќе го имаат второто соочување со полскиот шампион Висла Плоцк во рамки од 9. коло во ЛШ.

За битолскиот тим ова е можеби најважниот натпревар во европската елита, бидејќи со евентуална победа ќе биде многу блиску до пласман во осминафиналето.

На првиот меѓусебен натпревар, кој беше одигран во Плоцк, триумфираа избраниците на Хавиер Сабате со 26:18.

Еурофарм Пелистер, исто како и Висла Плоцк, има четири бода на свое конто – три се од дуелите со Фредериција и еден бод од ремито против Спортинг Лисабон.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Висла Плоцк ќе се одигра во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот, а билети може да најдете ТУКА.

На домашна сцена со натпреварот меѓу Тиквеш и Пролет ќе биде комплетирано 13. коло во суперлигашката конкуренција.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
16:30 БАЈА МАРЕ – ФОЧАНИ (РОМАНИЈА)
17:00 БРНО – КАРВИНА (ЧЕШКА)
18:00 КЕХРА – МИСТРА (ЕСТОНИЈА)
18:30 ХАЛДЕН – АРЕНДАЛ (НОРВЕШКА)
18:45 ФРЕДЕРИЦИЈА – ВЕСПРЕМ (ЛШ)
18:45 КЕЛЦЕ – КОЛСТАД (ЛШ)
19:00 ТИКВЕШ – ПРОЛЕТ (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ВИНТЕРТУР – ЦИРИХ (ШВАЈЦАРИЈА)
20:45 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ВИСЛА (ЛШ)
20:45 НАНТ – МАГДЕБУРГ (ЛШ)
21:30 ПОРТО – БЕНФИКА (ПОРТУГАЛИЈА)