ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Двојна програма во Битола, Струга против Скопје, Пролет на гости во Автокоманда

На денешната програма во Македонија ќе има вкупно девет дуели, од нив четири се во рамки од 11. коло од Супер лигата.

Двојна суперлигашка програма ќе има во Битола, каде најпрво првиот тим на Еурофарм Пелистер ќе го пречека Вардар Неготино, потоа ,,двојката” ќе се соочи со Охрид.

Екипата на Струга, која е многу блиску до пласман во плеј-оф фазата, за ривал во 11. коло го има Скопје.

Искуството и квалитетот е на страната на стружани, но избраниците на Наум Танески ќе мора да одработат според договореното и да ги запишат посакуваните бодови.

Пролет во Автокоманда ќе му гостува на дебитантот и на незгодното гостување ќе атакува на 6-ти сезонски триумф во новата натпреварувачка сезона.

Ракометарите на Пролет со победа над дебитантот ќе ги зголемат шансите за пласман во плеј-офот, па така денешниот дуел за избраниците на Илија Темелковски можеби ќе биде и клучен.

 ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

14:30 СКОПЈЕ – СТРУГА (СУПЕР ЛИГА)

15:00 МУЛТИ ЕСЕНС – ПРОЛЕТ (СУПЕР ЛИГА)

15:00 АСТРАИОН – БОРЕЦ (ПРВА ЛИГА)

17:00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР НЕГОТИНО (СУПЕР ЛИГА)

18:00 БИСИНОВ – МАКЕДОНИЈА ЃП (ПРВА ЛИГА)

18:00 ДЕСПИНА – ГЕВГЕЛИЈА (ЖЕНСКА ЛИГА)

18:10 ДРАЧЕВО – ЈЕХОНА (ПРВА ЛИГА)

19:00 ОВЧЕ ПОЛЕ – ПАРТИЗАН (ПРВА ЛИГА)

19:30 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ОХРИД (СУПЕР ЛИГА)