ДЕНЕСКА НА ЕП: Србија на тежок испит, Хрватска на мегдан на „фуријата“, Црна Гора ќе ја предизвика Унгарија

Денес на Европското првенство во Германија ќе се одиграат последните натпревари од првото коло.

На денешната програма свој настап ќе имаат репрезентациите на Србија, Црна Гора и Хрватска.

Дресот на Србија на Европското првенство ќе го носат двајцата ракометари на Еурофарм Пелистер, десното крило Богдан Радивојевиќ и левиот бек Урош Борзаш.

Србија во првото коло ќе се соочи со Исланд, додека Црна Гора за ривал ја има репрезентацијата на Унгарија.

Хрватска предводена од селекторот Горан Перковац вечерва силите ќе ги одмери со „црвената фурија“.

ДЕНЕСКА НА ЕП:

ГРУПА Б:
18:00 АВСТРИЈА – РОМАНИЈА
20:30 ШПАНИЈА – ХРВАТСКА

ГРУПА Ц:
18:00 ИСЛАНД – СРБИЈА
20:30 УНГАРИЈА – ЦРНА ГОРА