Christoph STEINERT and Zharko PESHEVSKI, North Macedonia vs Germany, Men's EHF EURO 2024 Germany, Berlin, Germany, 14.01.2024, Mandatory Credit © Uros Hocevar / kolektiff

ДЕНЕСКА НА ЕП: Македонија по триумф над Швајцарија за трето место во групата

Денес на Европското првенство 2024 кое се одржува во Германија ќе се одиграат последните дуели од групите A, Б и Ц, по што ќе бидат познати сите патници во главната фаза на континенталниот собир.

Репрезентацијата на Македонија во терминот од 18:00 часот ќе се соочи со Швајцарија и избраниците на Кире Лазаров ќе посакуваат со победа да го завршат настапот на Европското првенство.

Швајцарија во претходното коло одигра реми со Франција и на денешниот дуел со „црвено-жолтите“ и одговара нерешен резултат за да го освои третото место во групата А.

Натпреварот меѓу Македонија и Швајцарија ќе се одигра во „Мерцедес Арена“ во Берлин.

Во терминот од 20:30 часот ќе биде одигран дерби дуелот од групата А меѓу Германија и Франција. Победникот од овој дуел ќе пренесе два бода во главната фаза.

Меѓусебен дуел во рамки од групата Ц ќе имаат Србија и Црна Гора. Составот на Тони Херона мора да победи за да остане во игра за пласман во главната фаза, додека Црна Гора со победа би го освоила третото место во групата.

ДЕНЕСКА НА ЕП:

ГРУПА А

18:00 МАКЕДОНИЈА – ШВАЈЦАРИЈА

20:30 ФРАНЦИЈА – ГЕРМАНИЈА

ГРУПА Б

18:00 ХРВАТСКА – РОМАНИЈА

20:30 ШПАНИЈА – АВСТРИЈА

ГРУПА Ц

18:00 СРБИЈА – ЦРНА ГОРА

20:30 ИСЛАНД – УНГАРИЈА