Óli MITTÚN, Petter ØVERBY and Sander SAGOSEN, Faroe Islands vs Norway, Men's EHF EURO 2024 Germany, Berlin, Germany, 13.01.2024, Mandatory Credit © Uros Hocevar / kolektiff

ДЕНЕСКА НА ЕП: Фарски Острови по победа над Полска, „лалињата“ на мегдан со европскиот првак

Денес на Европското првенство 2024 кое се одржува во Германија ќе се одиграат последните дуели од групите Д, Е и Ф, по што ќе бидат познати сите патници од споменатите групи во главната фаза на континенталниот собир.

Во групата Д, сигурна во главната фаза е репрезентацијата на Словенија, која забележа победа на првите два натпревари, додека во игра за второто место се Норвешка и дебитантот Фарски Острови.

Репрезентациите на Холандија и Шведска во терминот од 20:30 часот ќе се борат за првото место во групата Е, додека БиХ со Грузија за третото место.

Данска и Португалија, кои исто така обезбедија пласман во главната фаза на Европското првенство, ќе имаат меѓусебен дуел за лидерското место во групата Д.

Нашиот јужен сосед против Чешка ќе посакува со победа да го заврши дебитанскиот настап на Европското првенство.

ДЕНЕСКА НА ЕП:

ГРУПА Д

18:00 ПОЛСКА – ФАРСКИ ОСТРОВИ
20:30 НОРВЕШКА – СЛОВЕНИЈА

ГРУПА Е

18:00 БИХ – ГРУЗИЈА
20:30 ШВЕДСКА -ХОЛАНДИЈА

ГРУПА Ф

18:00 ЧЕШКА – ГРЦИЈА
20:30 ДАНСКА – ПОРТУГАЛИЈА