Денеска Македонија добива нов пионерски шампион во женска конкуренција

Од лани, сега единствено Ѓорче Петров успеа пак да биде меѓу четирите најдобри тимови. Годинава пласман меѓу најдобрите четири екипи обезбедија и екипите на Вардар, Стружанка и Делчево Вардар.

Тие се иднината на македонскиот ракомет, и оттука почнува сѐ. Денеска ќе се одигра Ф4 турнирот во пионерската лига во женска конкуренција, по што ќе биде познато кој ќе биде новиот шампион. Едно е сигурно, ќе има нов шампион.

Минатата сезона титулата во пионерска конкуренција ја освои екипата на Пелистер, откако во финалето триумфираше над Јехона со 18:17. На ланскиот Ф4, покрај Пелистер и Јехона, учествуваа уште организаторот Ѓорче Петров, како и екипата на Деспина.

Од лани, сега единствено Ѓорче Петров успеа пак да биде меѓу четирите најдобри тимови. Годинава пласман меѓу најдобрите четири екипи обезбедија и екипите на Вардар, Стружанка и Делчево Вардар.

Ф4 турнирите се мечеви каде нема поправен, особено после полуфиналето. Вардар е единствениот тим кој групната фаза ја заврши без ниту еден загубен бод, имаше 100% учинок, па поради тоа девојките на Даниела Вељаноска се фаворит на хартија.

Бидејќи ниту еден од учесниците не се пријави за организатор, организацијата ја презема Ракометната федерација на Македонија (РФМ). Како добар огранизатор, освен што обезбеди сала и службени лица, во градот од каде има две екипи, а истите не се пријавија за домаќини, федерацијата ќе ги „почести“ сите пионерски тимови и со ручек во еден ресторан со кој тие соработуваат.

Покрај медали и дипломи, за првите три екипи следува и парична награда што ја доделува Агенцијата за млади и спорт, но барем досега со години не се објавува колкави се тие парични средства. Вообичаено победниците би требало да добијат неколку илјади евра, а малку помалку второпласираниот и третопласиран тим.

Сите четири натпревари од Ф4 турнирот кај пионерките ќе се одиграат во спортската сала „Автокоманда“.

Распоред на натпревари:

11:00, Ѓорче Петров – Делчево Вардар

12:45, Вардар – Стружанка

17:15, меч за трето место

19:00, финале