Дебитантот на шопинг во клубот на Иван Чупиќ

Дебитантот во Супер лигата, Борец ФЛ, продолжува да се засилува за најважниот дел од тековната сезона.

Во намерите да го задржи суперлигашкиот статус, клубот од Велес периодов беше активен на трансфер пазарот.

Нов ракометар во тимот предводен од Владимир Глигоров е левиот бек од Хрватска, Бариша Цвитановиќ.

22-годишниот ракометар во Македонија ќе го има првото интернационално искуство, а во Борец ФЛ ќе пристигне од Метковиќ.

Дел од својата кариера ја помина во школата на Балиќ и Метличиќ, па така сигурно ќе биде добро засилување во велешкиот клуб.

Како што е познато, тимот на Метковиќ е предводен од легендарниот Иван Чупиќ, кој играше за вицепрвакот Вардар.

Беше дел од младиот тим на Кил, сега ќе заигра во македонската Супер лига