Давид Дејвис освои трофеј – Ал Ахли е нов шампион на Африка!

Изминатите десетина дена во Бразавил се одржуваа клупските шампионати на Африка во машка и женска конкуренција.

Нов шампион на Африка е египетскиот Ал Ахли, кој е предводен од некогашниот стратег на Вардар и ЖРК Вардар, Давид Дејвис.

Ал Ахли во финалниот натпревар беше подобар од домашниот претставник Киншаса со убедливи 14 гола разлика, 37-23.

Во полуфиналето Ал Ахли победи со 37-27 исто така против домашен тим, БМЦ, а претходно во четвртфиналето беше подобар од камерунскиот Нзико со 35-18.

Ал Ахли имаше лесна задача да дојде до трофејот, бидејќи претходните шампиони на Африка, египетскиот Замалек и туниската Есперанса, не беа дел од овој турнир.