Давид Дејвис ќе се проба и како актер во филм!

Некогашниот стратег на Вардар и ЖРК Вардар, а сегашен на Динамо Букурешт, ќе се проба како актер на филм.

Станува збор за филм во режија на Хесус дел Серо, чија премиера се очекува во октомври во Шпанија, а Дејвис ќе учествува во сцени што ќе се снимаат во Букурешт.

Шпанскиот стратег ќе има мала улога во неколку сцени.

„Ќе бидам дел од малку сцени, но и тоа ми причинува големо задоволство. Сакам филм, сакам фотографија, па можам иако накратко да се дистанцирам од ракомет, кој ми одзема најмногу време во животот. Режисерот ми е пријател и кога тој ми ја предложи соработката, јас се согласив. Ќе имам епизодна улога. Радосен за ова достигнување (се смее), иако на неколку минути да се пробам како актер на филм“, вели Дејвис за „Про Спорт“.

Шпанецот беше дел од Вардар во два наврати, а ги водеше и машката репрезентација на Египет, унгарскиот Веспрем и египетскиот Ал Ахли, а со Вардар и Веспрем четирипати беше дел од Ф4 во Келн.