Дански второлигаш на шопинг во Фуксе Берлин, Вецлар, ПИК Сегед…

Данскиот второлигаш ХОЈ, кој е многу блиску до пласман во елитното друштво, ќе има сериозен ростер во новата сезона.

Откако се договорија со легендарниот Ханс Лиднберг, кој доаѓа на лето откако ќе му заврши договорот со Фуксе Берлин, ХОЈ бара уште тројца ракометари.

Средниот бек Линус Арнесон, кој настапува во бундеслигашот Бергишер, е блиску до потпис со ХОЈ, пишува „RTHandball“.

Уште еден Швеѓанец, Емил Мелегард, кој во моментов е член на Вецлар, исто така би можел да го засили овој дански тим.

Последен на листата можни засилувања е норвешкиот голман Емил Имсгард, кој би дошол на позајмица од ПИК Сегед, бидејќи таму доаѓа Тобијас Тулин, а и ветеранот Роланд Миклер најверојатно ќе остане уште една сезона.

Ако се остварат овие три најавени потписи, тогаш ХОЈ ќе стане сериозен кандидат следната сезона за место во врвот на данскиот шампионат.