Ракометарот на Скјерн, Џонатан Вуртц, предвреме ќе ја заврши тековната сезона, бидејќи во следниот период ќе мора да оди на хемотерапија.
Левиот бек моментално се бори со тешка болест, има рак на лимфните жлезди и поради тоа неговата пауза ќе биде подолга.
Младиот ракометар е голем оптимист и очекува сѐ да биде во најдобар ред.
,,Расположен сум и оптимист сум за процесот што ме очекува. Млад сум и во добра форма, поради тоа чувствувам дека картите се на моја страна. Во наредниот период неколку студии ќе покажат во која фаза сум и кога ќе започне хемотерапијата”, изјави Вуртц за клупската страна на Скјерн.
Амбициозниот тим на Скјерн на позицијата лев бек на располагање ги има Алфред Џонсон, Симон Петерсен и Мадс Бјергфелт.
Скјерн на 19 одиграни натпревари во шампионатот на Данска оствари осум победи, две реми и девет порази.