„Данска е најсилна репрезентација, Германија може до полуфинале на ЕП“

Еден од легендите на ракометот во Германија, Штефан Кречмар, кој моментално е спортски директор на Фуксе Берлин, го сподели своето мислење за состојбата во германската репрезентација.

Некогашниот репрезентативец на Германија истакна дека Данска е најсилната репрезентација.

Тој додава дека германската репрезентација може да стигне до полуфинале на континенталниот собир во јануари.

,,Мислам дека сме далеку зад најдобрите репрезентации во светот. Моментално најсилна репрезентација сега е Данска. Ракометарите на Данска најверојатно ќе играат во финалето. Тие, како и Французите се далеку пред нас поединечно. Секако, во германскиот тим има добри играчи кои всушност можат да стигнат до полуфинале. Ни треба добра клупа. На Гисласон му останува уште многу да работи и да одлучи за составот кој ќе учествува на ЕП. Во последно време многу важни играчи се повредија”, изјави Кречмар.

Германија е еден од ривалите на Македонија на Европското првенство во јануари. Германците во првата фаза ќе играат и против репрезентациите на Франција и Швајцарија.