Даниел Дупјачанец одбрани 31 удар на два меча!

Македонскиот чувар на мрежата Даниел Дупјачанец брани во одлична форма последниот период во Франција.

Дупјачанец на последните два натпревари успеа да одбрани дури 31 удар на противничките ракометари.

Сепак тоа не беше доволно за неговиот тим Бањол да забележи позитивен резултат на дуелите против Праде и Марсеј.

Најпрво на гостувањето кај Праде, Бањол загуби со 36-35, а Дупјачанец имаше 14 одбрани, додека во домашниот пораз од Марсеј со 27-26, македонскиот чувар на мрежата одбрани дури 17 удари.

Дупјачанец досега настапи на четири од седумте натпревари што ги има одиграно неговиот тим и во просек има по десет одбрани на натпревар.