Македонија во евро-лотарија

Денеска во романскиот град Клуж ќе се одржи ждрепката за квалификациите за ЕП 2026 кое за првпат во историјата ќе се игра дури во пет држави – Романија, Полска, Чешка, Словачка и Турија.

Женската репрезентација на Македонија за влакно не успеа да се најде во вториот шешир, па од третиот ќе ги чека ривалите на патот кон пласман на уште едно големо натпреварување.

Покрај Македонија, во третиот шешир се најдоа Украина, Португалија, Италија, Грција и Косово, па нема да играме против нив. Убаво би било од последниот шешир да ги избегнеме Фарски Острови, додека од вториот, балканските селекции не се посакуван избор.

Пласман на ЕП 2026 покрај петте домаќини обезбедија и триото медалисти од ЕП 2024 – Норвешка, Данска и Унгарија, а слободни остануваат уште 16 места за кои ќе се борат 24 селекции поделени во шест квалификациски групи. Место на континенталниот собир обезбедуваат прво и второпласираните од групите, како и најдобрите четири од шесте третопласирани, па македонските дами не би требало да имаат проблеми да обезбедат ново големо натпреварување преку квалификации.

Ждрепката стартува денеска од 17:00 часот.

Квалификациите ќе се играат од 15 до 19 октомври 2025, од 4 до 8 март 2026 и 8 до 12 април 2026 година.