Дали знаете дека Македонија беше кандидат за домаќин на ЕП 2024 што ќе се игра во Германија

Љубителите на ракометот со нетрпение го очекуваат стартот на Европското првенство во Германија од 10 јануари, а веројатно малкумина се сеќаваат дека и Македонија беше кандидат за домаќин.

Раководството на РФМ уште во мај 2017 година, заедно со федерацијата на Словенија, изрази подготвеност за организација на ЕП 2022 или ЕП 2024 година.

Тогаш во конкуренција беа и кандидатурите на Данска/Швајцарија, Чешка/Словачка/Унгарија, Литваниа и Германија.

Но потоа во конкуренција останаа само кандидатурите на Словачка/Унгарија, Данска/Швајцарија и Германија, па откако Словачка и Унгарија го добија ЕП 2022, се откажаа од трката и на крајот во гласањето на Извршниот Комитет на ЕХФ победи Германија.

Македонија ќе биде дел од континенталниот собир во Германија, ќе игра во Диселдорф и Берлин против домаќинот, Франција и Швајцарија.