Екипата на Прилеп се врати на победите во сиперлигашката конкуренција, откако на свој терен го совлада Вардар Неготино со 30:22.
Прилепчани бодовите ги освоија со максималната ангажираност во последните десет минути од дуелот.
Вардар Неготино се покажа како незгоден ривал и до 45-та минута рамо до рамо се носеше со домашниот тим.
Свој придонес во победата на Прилеп имаше и левиот бек Никола Цветаноски, кој запиша четири погодоци.
,,Вардар Неготино одигра одличен натпревар, беше рамноправен до 50-та минута, добро парираше во секој дел од натпреварот, играше добра длабока одбрана и тоа на нас ни правеше мал проблем во нападот. Ние промашивме и доста зицери во текот на целиот натпревар. Пресудно за нашиот триумф беше концентрацијата и борбеноста во целиот, но посебно во крајниот дел на натпреварот и секако, добрата одбрана во решавачките 20 минути. Имавме и подеми и падови, но сме задоволни со победата од осум гола и продолжуваме понатаму на уште повисоко ниво”, изјави Цветаноски.
Тимот на Мојсов во првото коло го совлада и Бутел и со денешната победа дојде до шест бода на свое конто.