Рускиот шампион ЦСКА Москва ги објави шесте засилувања за наредната сезона, во која ќе ја брани тројната круна.
Најголем удар за тимот на Олга Левина се заминувањата на македонската репрезентативка Сара Ристовска и левиот бек Елена Михајличенко, а клубот се раздели и со левото крило Полина Горшкова и средниот бек Анастасија Кулак.
Замена за Ристовска ќе биде Валерија Собкало која доаѓа од Кубан Краснодар, а од истиот клуб доаѓа и замената за Горшкова, Екатерина Левчина.
Од Динамо Волгоград во руската престолнина се селат голманката Ана Верешак и левиот бек Варвара Сјомина, која има 17 години и беше најдобар стрелец на тимот од Волгоград минатата сезона.
Во рускиот шампион доаѓаат и левиот бек од Лада Тољати, Вероника Никитина и кружниот напаѓач од АГУ Адиф, Валентина Томилина.