Црвена Звезда го доби 34. тренер во историјата

Екипата на Црвена Звезда во следниот период ќе биде предводена од нов тренер, откако клубот од Белград се раздели со довчерашниот предводник Антон Букилиќ.

Нов тренер на Црвена Звезда ќе биде Недељко Матиќ, кој во својата татковина е познат стручњак по афирмацијата на млади играчи, а е 34. во клупската историја.

Матиќ најголемиот клупски успех го има направено во Израел во сезона 2015/16 кога со тимот на Макаби станаа шампиони во најсилното израелско натпреварување.

Црвена Звезда, моментално, се наоѓа на 7. позиција во српскиот шампионат, на свое конто има две победи и четири порази.

Во екипата на Црвена Звезда настапуваат Никола Радовановиќ и Немања Ѓурашковиќ, кои во минатата сезона го носеа дресот на Скопје, односно Куманово.