Vlado SOLA (coach), Serbia vs Montenegro, Men's EHF EURO 2024 Germany, Munich, Germany, 16.01.2024, Mandatory Credit © Nebojsa Tejic / kolektiff

Црногорците нема да менуваат, му веруваат на Шола!

Иако репрезентацијата на Црна Гора не обезбеди пласман во главната фаза на Европското првенство 2024, останува со истиот селектор и во следниот период.

Тоа значи дека Владо Шола со Црна Гора повторно ќе има нов предизвик, а тоа е бараж двомечот за пласман на Светското првенство 2025.

Хрватот, кој во текот на месец февруари минатата година стана нов селектор на Црна Гора, во еден подкаст откри дека ќе остане предводник на „лавовите“.

„Начелно се договоривме. Се уште немаме потпишано ништо, но се договоривме да ја продолжиме соработката. Драго ми е што останувам во Црна Гора“, изјави Шола.

Црна Гора настапот на континенталниот собир во Германија го заврши на 14. позиција, откако успеа да го освои третото место во својата група.

Шола во тренерската кариера ги водеше женскиот тим на Звезда Звенигород, потоа машките клубови Загреб, Пекинг Универзитет, Дубрава, Ал Духаил, Дуго Село…а во два наврати беше дел од стручниот штаб на Хрватска.