Репрезентацијата на Црна Гора денес ги стартуваше подготовките за Европското првенство 2024, кое ќе се одржи во Германија.
Селекторот Владо Шола за првата фаза од подготвителниот период ќе може да смета на 20 ракометари, а од нив е еден дебитант.
Станува збор за средниот бек од Леотар, Владимир Станковиќ, кој има забележителни партии на клупско ниво.
Поради повреда, на списокот кај Шола го нема екс ракометарот на Вардар и Металург, левиот бек Стеван Вујовиќ, како и членот на Загреб, кружниот напаѓач Миодраг Чорсовиќ.
Црна Гора за време на ЕХФ неделата, односно на 2 ноември ќе тестира против селекцијата на Романија, која исто така ќе учествува на Европското првенство во Германија.
Црногорците на Европското првенство во Германија се во група со Исланд, Унгарија и Србија.