Црна Гора остана без уште една „лавица“ – Рајчиќ заврши со репрезентацијата

По Милена Раичевиќ, уште една членка на славната генерација на „лавиците“ одлучи да ја заврши репрезентативната кариера.

Голманката Марина Рајчиќ, која беше дел од сите најголеми успеси на црногорската репрезентација, се прости од дресот со националниот грб.

Членката на романската Магура Чиснадие, освои три медали од големите натпреварувања со Црна Гора.

„Имав привилегија да бидам дел од сите радости кои и ги донесе репрезентативниот ракомет на нашата земја – олимписко сребро во Лондон, европско злато во Белград и европска бронза во Љубљана“, изјави Рајчиќ.

Селекторката Сузана Лазовиќ во иднина во репрезентативните натпревари ќе смета на двоецот од Армел Атингре од Будуќност и Марта Батиновиќ од Глорија Бузау.