Некогашниот ас на Вардар и Металург, Лука Циндриќ, би можел во новата сезона да го облече дресот на унгарскиот гигант Веспрем.
Според информациите во повеќе романски и унгарски медиуми, хрватскиот репрезентативец ќе му се придружи на шпанскиот стратег во Унгарија.
Тој има клаузула во договорот што му овозможува да си замине и пред истекот, па тоа веројатно ќе биде искористено.
Циндриќ соработуваше со Пасквал во Барселона, а по негово барање дојде и во Динамо Букурешт откако си замина од каталонскиот тим.
Од друга страна Веспрем остана без Кентан Мае, па сигурно одлично ќе му дојдат услугите на Циндриќ.