Хрватска денеска од 21:00 часот ќе игра против Франција во полуфиналето на Мундијалот, а селекторот Дагур Сигурдсон ќе има два силни адути плус.
Во споредба со претходниот натпревар со Унгарија, Сигурдсон за Франција би требало да смета на екс вардарците Лука Циндриќ и Игор Карачиќ.
Циндриќ е надвор од составот поради повреда од мечот против Аргентина, а Карачиќ се приклучи по тој дуел, но не играше на сите следни поради тактички причини.
Сигурдсон имаше проблеми со повредите на Мандиќ, кој веќе направи операција, но и Дувњак и Мартиновиќ.
Сепак, како што најавија сите – дури и со една нога ако треба ќе играат на полуфиналниот дуел.