Vanja ILIC, Dragan Jacques PECHMALBEC and Bogdan RADIVOJEVIC, Iceland vs Serbia, Men's EHF EURO 2024 Germany, Munich, Germany, 12.01.2024, Mandatory Credit © Nebojsa Tejic / kolektiff

Чутура врати тројца искусни играчи за двете „контролки“ со Унгарија

Машката репрезентација на Србија активно се подготвува за преостанатите квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство 2026.

Откако пред неколку денови „орлите“ го освоија трофејот на традиционалниот турнир „Трофеј Карпати“, немаа многу време за одмор.

Србија на 8 и 10 јануари ќе тестира против репрезентацијата на Унгарија, која е еден од ривалите на Македонија во групната фаза на Мундијалот 2025 во Хрватска, Данска и Норвешка.

Привремениот селектор на репрезентацијата на Србија, Далибор Чутура, го објави списокот за двата пријателски натпревари, во кој ќе може да смета на уште тројца искусни играчи.

Тоа се Вања Илиќ, Драган Пешмалбек и Милош Орбовиќ, сите тројца не настапија на Трофеј Карпати“, додека останатите млади играчи повторно ќе имаат шанса да ги покажат своите квалитети.