Голманката на Македонија, Матеа Чурлиновска, повторно имаше блескаво издание на Светското младинско првенство во Скопје.
Македонија во рамки од првото коло од главната фаза ремизираше против Португалија 28:28, иако имаше големи шанси да ги освои двата бодови.
Најзаслужна за ремито беше токму голманката Чурлиновска, која натпреварот со Португалија го заврши со дури 20 интервенции.
По завршувањето на натпреварот, прилепчанката беше прогласена за најкорисен играч, односно за МВП.
За Чурлиновска ова е второ МВП признание на младинскиот Мундијал по натпреварот со Исланд.
Македонија пропушти голема шанса – освои само бод против Португалија