Чурлевски најдобар стрелец против Кокс

Maкедонскиот интернационалец Филип Чурлевски продолжува да игра во одлична форма во финскиот шампионат.

Неговиот тим ГРИФК загуби во дербито на колото од плеј-офот на гости против Рихимаки Кокс со 34-28.

Иако Чурлевски и соиграчите водеа на полувремето со два гола разлика, сепак на крајот мораа да му честитаат на домаќинот.

Македонскиот среден бек беше најдобар стрелец во поразениот тим со седум погодоци и беше избран меѓу трите ѕвезди на мечот.

ГРИФК во следното коло ќе игра дома со лидерот БК-46, а тимот на Чурлевски е втор на табелата со четири бода.