Чупиќ: Никој не ни брани да сонуваме и да веруваме

Десет гола негатива можат да бидат и тешко достижни, но и лесно, а Вардар во сите 60 минути утревечер против Монпелје (20,45 ч) ќе сонува и ќе верува дека е можно чудо.

На првиот меч Монпелје победи со 33-23. Победникот од овој двомеч ќе се пласира на завршниот Ф4 турнир во Хамбург на крајот од месецот.

„Никој не ни брани да сонуваме и да веруваме. Ако ја наполниме салата, моите играчи ја добијат поддршка, како јаа против Флензбург или Пик Сегед за пласман на Ф4, тогаш сè е можно. Сите што го сакаат Вардар, моите играчи, кои цела сезона покажаа дека заслужуваат двојна круна, заслужија да имаат поддршка, вели Иван Чупиќ, тренерот на Вардар.

Чупиќ верува дека во сезоната секогаш има „совршен меч“. Сега можеби е тој ден.

„Од прв момент треба да веруваме во некое чудо, во нешто што не се случува секој ден. Тешко е да се одигра совршен меч, но може да се случи еднаш во сезоната. Верувам дека утре може да биде тој меч. Верувам дека оваа сала може да нè понесе“, смета Чупиќ.