Чупиќ: Не е колку сакам да победувам – многу мразам да губам!

Тренерот на Вардар, Иван Чупиќ најави „борба до крај“ и после 60-те минути со Монпелје утре ќе се види дали се исполнил соно и желбата да с ебиде дел од Ф4 турнирот во Хамбург. Клубот ја исполни целта поставена пред почетокот на сезоната, но секако сака да се има повеќе успеси.

Но, треба да се надополни негативата од 10 гола, што ја имаат од првиот меч од четвртфиналето во Лига Европа, 23-33 од гостувањето во Франција. Од трите цели сезонава, една е исполнета, една е пред исполнување, а третата е европската, во Лига Европа, која е најтешка.

„Ја исполнивме целта пред нас, но ако не успееме нема да дојдеме после соблекувалната и да кажеме дека сме задоволни, бидејќи е прва сезона, нов тренер…. нормално ќе бидам тажен, лут, разочаран. Работевме цела сезона да дојдеме до тука. Не може после меч да кажеме тоа е, се случува. Не е толку колку сакам да победувам, туку колку мразам да губам, изјави Иван Чупиќ на прес конференцијата пред натпреварот.

Во големите клубови секој меч е важен, секој пораз е трагедија.

„Кога играш за Вардар секој пораз е трагедија, паника, тоа треба да се прифати. Овој дрес е многу тежок и не може секој да се носи со тоа. Се освен освен прво место, секогаш е проблем, вели Чупиќ.

Мечот со Монпелје е закажан за утре вечер во 20,45 часот во СЦ “Јане Сандански“.