Член на Алборг најави крај на кариерата

Десниот бек на Алборг, Мадс Кристијансен, најави дека по завршувањето на тековната сезона ќе стави крај на кариерата.

Искусниот ракометар, кој има 37 години, главно играше во својата татковина, но во текот на 2016 година започна да гради интернационална кариера.

Три сезони беше дел од екипата на Магдебург и со овој клуб го освои среброто во Бундес лигата во сезона 2018/19.

Освен за неговиот сегашен клуб, настапуваше и за екипите на ГОГ, Архус, Холстебро, Силкеборг, Фредериција и  Рингстед.

Кристијансен беше член на данската репрезентација од 2007 до 2016 година, одигра 117 меѓународни натпревари и постигна 257 погодоци во националниот дрес.

Со репрезентацијата на Данска најголемиот успех го постигна освојуваќи го златото на Европското првенство во Србија (2012) и на Олимписките игри во Бразил (2016).