Во чест на легендарниот ракометар на Повардарие – Илија Ѓорѓиев-Манџата, се одигра ревијален натпревар во Неготино.
Актуелниот состав на Вардар Неготино и легендите на Повардарие одиграа без победник 20-20, откако на полувремето момците на Игор Котевски водеа со 15-9.
Овој натпревар го судеа некогашните суперлигашки арбитри Бранко Велјанов и Димчо Филов.
Ѓорѓиев е член на најдобрата генерација на Повардарие, кога овој тим избори место во Европа и играше во Купот на градови.
Подоцна тој ја извршуваше претседателската функција во клубот, беше спонзор и остави длабока трага во неготинскиот ракомет, а почина пред пет години.