Xavier SABATE CAVIEDES (coach), Czechia vs Portugal, Men's EHF EURO 2024 Germany, Munich, Germany, 13.01.2024, Mandatory Credit © Nebojsa Tejic / kolektiff

Чесите нема да менуваат, Сабате останува селектор!

Репрезентацијата на Чешка на Европската првенство 2024, кое беше одржано во Германија, имаше неуспешен настап, откако не ја помина групната фаза.

Чешка на континенталниот собир за ривали ги имаше репрезентациите на Данска, Португалија и Грција, загуби од првите две селекции, ја победи Грција и настапот го заврши на 15. позиција.

Ракометната федерација на Чешка, односно нејзиниот извршен одбор, одлучи и покрај неуспехот на континенталниот собир да не прави смена на селекторската функција.

Тоа значи дека селектор на Чешка останува искусниот Хавиер Сабате, кој на клупско ниво го предводи полскиот вицепрвак Висла Плоцк.

Шпанецот новиот предизвик со Чешка ќе го има во бараж двомечот против Романија за пласман на Светското првенство 2025.