Чекајќи го Раул – Србите избраа привремен селектор!

Како што е познато, екс тренерот на Вардар и актуелен предводник на ПСЖ, Раул Гонзалез, ќе биде новиот селектор на машката сениорска репрезентација на Србија.

Искусниот стратег од Шпанија на клупата на „орлите“ ќе биде најмалку до 2028 година, а својата селекторска функција ќе започне да ја извршува од 1 јули наредната година.

До тој период, односно до доаѓањето на Гонзалез во Србија, репрезентацијата на нашиот северен сосед ќе ја предводи Далибор Чутура.

Управниот одбор на српската ракометна куќа одлучи дека Чутура е најидеално привремено решение, па така екс репрезентативецот го очекува голем предизвик.

Србија токму со Чутура ќе ги доврши квалификациите за пласман на Европското првенство 2026, кое ќе се одржува во Данска, Норвешка и Шведска.

Во периодот од месец март, па до мај, репрезентацијата на Србија ќе игра двапати со Шпанија и по еднаш со Летонија и Италија.